Македонија
„Летно продолжено работно време за угостителските објекти во Гостивар – плус 2 часа“
Летно продолжено работно време за угостителските објекти во Гостивар – плус 2 часа
Советот на Општина Гостивар на денешната седница официјално донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на летниот период.
Според одлуката, сите локали, кафулиња, ресторани и угостителски објекти во Гостивар ќе имаат можност да работат плус два часа подолго од вообичаеното работно време.
Ова правило важи од 10 јули до 31 август, со исклучок на неколку датуми кои се неработни денови.
Што кажаа од Советот?
Претседателот на Советот, Намик Дурмиши, истакна дека оваа одлука се носи традиционално секоја година по барање на угостителите.
„Секоја година налето Советот носи одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. Сега е летна сезона, луѓето повеќе излегуваат, ќе пристигнат и печалбарите во родниот крај и за угостителите ова е потребно.“, изјави Дурмиши.
Зошто оваа одлука?
- Поголема флексибилност за угостителите
- Подобро искористување на туристичката сезона
- Поголем економски придонес за локалната заедница
- Подобро задоволување на потребите на граѓаните и дијаспората
Важно да се знае:
- Одлуката важи од 10 јули до 31 август 2025 година
- Работното време е продолжено за +2 часа од регуларното
- Не важи за неработни денови предвидени во законот
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки