Македонија
Македонец меѓу загинатите: 19-годишен Бугарин влета со автомобил во ресторан – трагедија со тројца мртви!
Тешка трагедија се случи ноќеска во Разград, Бугарија, кога 19-годишен возач го изгубил контролата врз автомобилот на својот татко и удрил директно во гости кои седеле во ресторан. Инцидентот се случил околу 01:36 часот на улицата Гранчарска.
На лице место починале тројца мажи на возраст од 58, 62 и 64 години. Еден од загинатите е 58-годишен државјанин на Македонија со постојано живеалиште во Бугарија.
Иако тестовите за алкохол и дрога кај возачот биле негативни, земени се дополнителни примероци за понатамошна анализа. Обвинителството веднаш покрена постапка и ќе бара најстрога мерка – притвор за младиот возач.
Случајот ги шокираше и бугарската и македонската јавност, а истрагата продолжува.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки