Маврово и ростуше
Општина Маврово и Ростуше започна со градежни проекти: Нов водоводен резервоар и реконструкција на спортската сала
Со почетокот на градежната сезона, Општина Маврово и Ростуше започна со реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти, насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Градоначалникот Онер Јакупоски истакна дека овие активности се дел од програмските определби на локалната самоуправа, со фокус на модернизација и функционалност на општината.
Во рамки на тековните активности, изведувачите, заедно со стручниот надзор, веќе се воведени во работа на два капитални проекти:
Овој проект претставува долгорочно решение за водоснабдувањето во селото Ростуше. Со изградбата на новиот резервоар се очекува значително подобрување на стабилноста и квалитетот на водоснабдувањето за жителите.
Планирана е целосна санација и модернизација на спортската сала „Македонија“, со цел обезбедување современи услови за спорт, рекреација и младински активности во општината.
„Посветени сме на континуирано подобрување на локалната инфраструктура. Овие проекти се директен одговор на потребите на нашите сограѓани и чекор напред кон посовремена и пофункционална општина“, изјави градоначалникот Јакупоски.
Со овие инвестиции, Општина Маврово и Ростуше ја зајакнува својата посветеност кон одржлив развој, подобрување на јавните услуги и создавање поквалитетни услови за живот.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки