Македонија
Нов лет за евакуација: Над 150 македонски граѓани се враќаат од Блискиот Исток
Државата продолжува со евакуацијата на македонски државјани од Блискиот Исток, при што со нов организиран лет над 150 граѓани се враќаат дома.
Според информациите, станува збор за лица кои се наоѓале во повеќе земји од регионот, меѓу кои Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија, а кои побарале помош за безбедно враќање во Македонија.
Ова е дел од пошироката акција на институциите за евакуација, која се спроведува поради влошената безбедносна ситуација на Блискиот Исток. Во претходните денови веќе беа реализирани неколку летови, а интересот од граѓаните останува висок.
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани кои сè уште се наоѓаат во погодените региони да стапат во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва, со цел навремено да бидат вклучени во следните евакуациски летови.
Надлежните институции нагласуваат дека безбедноста на граѓаните е приоритет, а операцијата ќе продолжи сè додека има потреба од организирано враќање.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки