Маврово и ростуше
Нов капитален проект во Ростуше: Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето
Изграден нов резервоар за вода во Ростуше, решен уште еден децениски проблем на жителите.
Успешно заврши и последната фаза од изградбата на новиот резервоар за вода за село Ростуше, капитален проект кој е од витално значење за сите жители од ова населено место.
Со реализацијата на оваа важна инвестиција се подобрува квалитетот и стабилноста во снабдувањето со пивка вода за домаќинствата.
Овој значаен инфраструктурен проект е целосно во согласност со програмските определби и приоритети на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски.
Тој уште еднаш ја потврди својата посветеност за решавање на клучните комунални проблеми и подобрување на основните услови за живот на граѓаните.
Новиот резервоар е изграден според сите современи технички и хигиенски стандарди, со што се обезбедува поголем капацитет, повисок притисок и сигурна дистрибуција на водата, особено во периодите од годината кога потрошувачката е најголема.
Општина Маврово и Ростуше продолжува со реализација на нови капитални проекти низ сите населени места, водејќи грижа за рамномерен локален развој и подобрување на животниот стандард на сите сограѓани.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки