Македонија
Нова несреќа во центарот на Скопје – повторно прегазен велосипедист!
Денеска, нешто по 13 часот, на булеварот „Крсте Мисирков“ пред Апелациониот суд во центарот на Скопје, се случи нова сообраќајна несреќа во која беше прегазен велосипедист. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувал автомобил марка „Фиат“ со скопски регистарски таблички, а повредени се и велосипедистот и возачот на возилото.
Двајцата повредени веднаш биле пренесени во болничките установи – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Засега нема детали за тежината на нивните повреди, а увидот на местото на настанот е сè уште во тек.
Ова е втора ваква несреќа за само два дена. Вчера, велосипедист беше удрен на кружниот тек кај Порта Влае, во правец кон Ѓорче Петров.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки