Свет
„Нови документи од случајот Epstein: Понудил „жени и нивните сестри“ на поранешен високи претставник во БИХ – тој негира“
По објавувањето на огромен набор документи поврзани со осудениот сексуален престапник Jeffrey Epstein, во јавноста се појавија и нови тврдења што го вклучуваат името на Мирослав Лајчак, поранешен висок претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина и сегашен советник на премиерот на Словачка.
Американското Министерство за правда објави над три милиони документи од познатите „Epstein files“, кои опфаќаат комуникација и приватни пораки на Jeffrey Epstein со различни политичари и јавни личности. Дел од овие пораки, според медиуми, содржат разговори во кои Epstein на Лајчак му понудил жени „и нивните сестри“, со коментар дека тие „веројатно се под 30 години“.
Пораките од 2018 година опфаќаат различни разговори помеѓу двајцата, не само за политика и дипломатија, туку и за „жени“ во неодговорен и повремено шеговит тон, вклучувајќи забелешки за „девојки“ од различни градови.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки