Connect with us

Маврово и ростуше

Спортската сала „Македонија“ во Ростуше добива нов изглед и функционалност.

По повеќе од осум години стагнација и целосна негрижа, спортската сала „Македонија“ во Ростуше конечно ќе биде обновена и ставена во функција на спортистите и младите.

Денеска, Повереник – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, и претставникот на градежната компанија „АДИТА Констракшн“, Абдија Асани официјално го потпишаа договорот за јавна набавка за изведување на работи за санација и рехабилитација на овој значаен објект.

Оваа инвестиција доаѓа во клучен момент, по период од речиси една деценија во кој во салата не беше вложен ниту еден денар, со што објектот беше оставен сам на себе и на пропаст.

Финансиска конструкција на проектот:

Вкупната вредност за реализација на оваа фаза е обезбедена преку заедничко партнерство:

4.126.315 денари се обезбедени од страна на Владата на Р.С. Македонија, преку Министерството за Спорт.

1.155.365 денари се издвоени директно од Буџетот на Општина Маврово и Ростуше.

Повереник – Градоначалникот, Онер Јакупоски истакна дека ова не е само козметичко средување, туку почеток на една поголема визија за спортот во регионот.

„Недозволиво беше спортската сала во која треба да растат нашите млади таленти да биде запуштена повеќе од 7-8 години.

Со потпишувањето на овој договор, ставаме крај на тој период на негрижа.

Сакам да нагласам дека ова е само првиот чекор.

Рехабилитацијата на салата е само еден дел од планираниот голем спортско-рекреативен центар, кој во наредниот период ќе го збогатиме со многу нови содржини и терени за рекреација на сите граѓани,“ изјави Повереник – Градоначалникот, Јакупоски.

Со овој проект, новото раководство на Општина Маврово и Ростуше јасно го потврдува својот фокус кон развојот на спортската инфраструктура и создавањето модерни услови за здрав живот на новите генерации.

Градежните работи се очекува да започнат веднаш после ново годишните празници.

Извор: Facebook страна на Општина Маврово и Ростуше

Сподели на:
НекатегоризираноПред 54 секунди .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 5 минути .

Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 12 минути .

Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 6 дена .

Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше

Promocija na knigata dalechni vistini od enisa mirto
Маврово и ростушеПред 7 дена .

Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 1 недела .

Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Забраната во Гостивар конечно укината – Неколку функционери се напија вода од чешма

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Отворени денови за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 1 month .

Општина Маврово и Ростуше со донација од 3.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.

Маврово и ростушеПред 1 month .

Нов капитален проект во Ростуше: Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето

Маврово и ростушеПред 5 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 5 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

МаркетингПред 5 months .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

КошаркаПред 5 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 5 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

СпортПред 4 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

„Имола пред згаснување – Историјата губи битка со парите?“

КошаркаПред 5 months .

Жестока MVP трка во НБА: Вембањама и Шеј блеснаа со над 40 поени

Trending