Маврово и ростуше
Очистен локалниот пат кон село Видуше
Општина Маврово и Ростуше продолжува со активности за одржување на локалната инфраструктура, а денеска општинските служби со соодветна механизација работеа на расчистување на локалниот патен правец кон Видуше.
Поради временските услови, на оваа делница биле регистрирани одрони од земја и гранки кои виселе над патот, што го отежнувало движењето и претставувало опасност за учесниците во сообраќајот.
Екипите на терен целосно ги отстраниле наносите и паднатата земја од коловозот, а паралелно биле исечени и гранките кои ја намалувале видливоста и го попречувале нормалното движење на возилата.
Од Општината информираат дека редовното одржување на патната инфраструктура останува приоритет, со цел да се обезбеди безбедна и непречена комуникација со сите населени места во регионот.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки