Маврово и ростуше
Општина Маврово и Ростуше со донација од 3.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.
На предлог на Градоначалникот м-р Онер Јакупоски, Советот на Општина Маврово и Ростуше донесе едногласна одлука за донирање на 3.000 литри вода за пиење, наменети за потребите на граѓаните на Општина Гостивар.
Со оваа одлука, сите советници и раководството на општината потврдија дека солидарноста се покажува преку дела и дека во тешки моменти мораме да бидеме поддршка за нашите соседи.
„Солидарноста и меѓусебното помагање се основните вредности врз кои го градиме нашето општество. Во моменти кога на нашите сограѓани од соседните општини им е потребна помош, наша должност и одговорност е да подадеме рака и да бидеме тука за нив“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.
Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да ја негува соработката со сите околни општини и секогаш ќе биде подготвена да помогне во градењето на подобро, похумано и посолидарно општество.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки