Connect with us

Маврово и ростуше

Отстранета дивата депонија меѓу Ростуше и Велебрдо – Општина Маврово и Ростуше со јасна порака до граѓаните

Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуирани активности насочени кон подобрување на јавната хигиена и заштитата на животната средина. Во рамки на тие активности, беше успешно реализирана акција за расчистување на дивата депонија лоцирана помеѓу населените места Ростуше и Велебрдо.

Акцијата беше спроведена по насока на градоначалникот Онер Јакупоски, а општинските служби отстранија значителни количини отпад кои со месеци го нарушуваа изгледот на регионот и претставуваа сериозна закана за животната средина и здравјето на жителите.

Од Општината истакнуваат дека ваквите диви депонии не само што го нарушуваат природниот амбиент, туку се и потенцијален извор на загадување на почвата и водата.

Истовремено, Општина Маврово и Ростуше упатува апел до сите граѓани за одговорно и совесно однесување при одлагање на отпадот. Сметот и градежниот шут мора да се депонираат исклучиво на официјално утврдените локации, определени со одлука на Советот на Општината.

Секое несовесно фрлање отпад на јавни површини директно влијае врз квалитетот на животот, здравјето на граѓаните и изгледот на општината.

Општината најавува дека и во иднина ќе продолжи со вакви акции, но потенцира дека грижата за природата е заедничка одговорност.

Сподели на:
НекатегоризираноПред 1 минута .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 6 минути .

Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 12 минути .

Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 6 дена .

Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше

Promocija na knigata dalechni vistini od enisa mirto
Маврово и ростушеПред 7 дена .

Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 1 недела .

Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Забраната во Гостивар конечно укината – Неколку функционери се напија вода од чешма

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Отворени денови за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 1 month .

Општина Маврово и Ростуше со донација од 3.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.

Маврово и ростушеПред 1 month .

Нов капитален проект во Ростуше: Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето

Маврово и ростушеПред 5 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 5 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

МаркетингПред 5 months .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

КошаркаПред 5 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 5 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

СпортПред 4 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

„Имола пред згаснување – Историјата губи битка со парите?“

КошаркаПред 5 months .

Жестока MVP трка во НБА: Вембањама и Шеј блеснаа со над 40 поени

Trending