Маврово и ростуше
Отворени денови за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше
Почитувани сограѓани, драги наши иселеници,
Ве информираме дека Општина Маврово и Ростуше организира „Отворени денови за дијаспората“ — иницијатива посветена на нашите сограѓани кои живеат и работат надвор од границите на нашата земја.
Во рамките на овие отворени денови, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски во периодот од 06 август до 30 август, секој вторник и четврток од 12:00 до 16:00 часот ќе има директни средби со сите Вас.
За да ви овозможиме навремена и посветена средба, ве молиме претходно да го резервирате вашиот термин на телефонскиот број:
077 306 890
Вашиот глас е важен!
Вашите идеи се иднината на нашата општина.
Ве покануваме да ги споделите вашите размислувања, предлози, бизнис-идеи и иницијативи за развој на нашиот крај.
Заедно можеме да создадеме подобри услови и уште посилна врска меѓу дијаспората и родната општина.
Ве очекуваме!
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки