Connect with us

Свет

Папа Лав XIV ги предупреди свештениците: Не користете ChatGPT за проповеди

Ватикан испрати јасна порака до свештениците – вештачката интелигенција не треба да се користи за пишување проповеди.

Папата Лав XIV во разговор со свештениците од Римската епархија нагласи дека духовната порака не може да се замени со технологија, особено кога станува збор за верата и личното искуство.

Тој ги повика свештениците да „ја избегнуваат искушението“ да користат алатки како ChatGPT при подготовка на проповедите, нагласувајќи дека вистинската проповед бара лично размислување, молитва и духовна поврзаност со верниците.

Според него, прекумерното потпирање на вештачката интелигенција може да доведе до губење на креативноста и способноста за критичко размислување.

„Како што мускулите слабеат ако не се користат, така и мозокот треба да се вежба“, истакнал папата, додавајќи дека вистинската проповед е повеќе од добро напишан текст – таа претставува споделување на верата.

Воедно, тој предупреди и на „илузијата на интернетот“, каде што лајковите и следбениците не се вистинска мерка за духовна вредност. Наместо тоа, свештениците треба да се фокусираат на автентична врска со заедницата и пренесување на вистинската порака.

Оваа изјава доаѓа во време кога вештачката интелигенција сè повеќе се користи во различни сфери, вклучително и религијата, што отвора нови прашања за нејзината улога и граници.

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 8 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending