Политикa
Николовски: Регионален раст преку инфраструктура -предностите на патот Градско – Дреново – Фариш
Министерот за транспорт Александар Николоски преку видео порака ја нагласи важноста на новиот експресен пат Градско – Дреново – Фариш. Според него, патот активно се користи, а секојдневно по него поминуваат илјадници возила. Овој современ пат значително ја скратува оддалеченоста меѓу Пелагонија, Прилеп, Битола и другите општини со Скопје, како и ја олеснува рутата кон Грција и Србија.
Николоски потенцира дека новата инфраструктура го поттикнува развојот на економијата и туризмот, додека жителите побрзо и побезбедно патуваат. Во изминатиот период, првиот дел од трасата беше отворен во јануари, а вториот во јуни, со што се комплетираше оваа важна делница. Најави и интензивни градежни активности на автопатот Прилеп – Битола, кој ќе овозможи пократко и поефикасно патување меѓу поголемите градови на Македонија.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки