Маврово и ростуше
Скудриње доби целосно обновена и проширена улица
Комплетно рехабилитирана и модернизирана улица во населбата Падина.
Успешно заврши и последната фаза од капиталниот проект за рехабилитација, проширување, асфалтирање и хоризонтално обележување на улица во село Скудриње.
Со ова, жителите на ова населба добиваат модерна, безбедна и суштински подобрена патна инфраструктура според сите современи стандарди.
Овој важен проект за Скудриње и за целата општина беше реализиран со финансиска поддршка од Владата на Р. Македонија, како и со дел кофинансиран со средства директно од буџетот на Општина Маврово и Ростуше.
По повод успешното завршување на градежните активности, градоначалникот
м-р Онер Јакупоски ја потврди одличната и конструктивна соработка помеѓу локалната и централната власт.
Тој истакна дека токму преку ваквиот заеднички и координиран пристап се постигнуваат најдобрите резултати кои директно влијаат на подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.
Општина Маврово и Ростуше продолжува посветено да работи на реализација на нови капитални инвестиции и рамномерен развој на сите населени места
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки