Маврово и ростуше
Реконструкција и рехабилитација на локален пат и улица во село Маврово, Општина Маврово и Ростуше
Изјава од Општина Маврово и Ростуше
Општина Маврово и Ростуше со задоволство ја најавува јавната презентација и консултација за документот „План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА)“, кој се однесува на проектот за рехабилитација на локален пат-улица во село Маврово.
Оваа активност е дел од поширокиот Проект за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија, чија цел е подобрување на инфраструктурата и условите за живот во нашата заедница.
Презентацијата ќе се одржи на 2 јули 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот во просториите на основното училиште „Денче Дејаноски“ во село Маврово.
На настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти од ПУЖССА документот, а граѓаните ќе имаат можност да ги искажат своите мислења и да учествуваат во дискусијата.
Апелираме до сите заинтересирани граѓани, претставници на институции и други чинители да земат активно учество во оваа консултација, со цел да обезбедиме транспарентност и квалитет во имплементацијата на проектот кој директно ќе придонесе за развојот на нашиот регион.
Општина Маврово и Ростуше останува посветена на дијалогот со граѓаните и развојот на одржлива и квалитетна инфраструктура за сите наши жители.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки