Маврово и ростуше
Започна системското решавање на проблемите со уличното осветлување во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше
По насока дадена од Повереник – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските служби водени од принципот услуга за сите без никаква селективност, започна со системско и темелно решавање на долгогодишните проблеми со уличното осветлување во сите населени места во општината.
Досегашните парцијални интервенции, по насока од Повереникот – Градоначалник Онер Јакупоски се заменуваат со сеопфатен акционен план кој вклучува:
– Идентификација на дефектите: Детална мапа на сите критични точки и неисправна мрежа.
– Модернизација: Поправка на старите и инсталација на нови, енергетски ефикасни светилки каде што е потребно.
Целта на овој систематски пристап е двојна: значително да се подобри безбедноста на граѓаните и пешаците, особено во вечерните часови, и да се постигнат заштеди во општинскиот буџет преку ефикасно користење на енергијата.
Ова е само првиот чекор во нашата заложба Општината да биде во служба на граѓаните и да испорача квалитетна комунална инфраструктура насекаде.
Одстранувањето на сите дефекти од мрежата за улично осветлување продолжува секојдневно, се до одстранување и на последната пречка за ефикасно функционирање на уличното осветлување.






Извор: Facebook страна на Општина Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки