Маврово и ростуше
Засилени градежни активности за санација на локалните патишта во Општина Маврово и Ростуше
Повереник – Градоначалникот, Онер Јакупоски, денеска изврши теренска обиколка на локациите каде што се одвиваат градежните работи за санација и асфалтирање на општинските локални патишта.
Во тек е реализација на планот за подобрување на патната инфраструктура, со што се решаваат долгогодишни проблеми со оштетени и небезбедни делници.
Активностите опфаќаат подготовка на подлогата, санација на критичните точки и завршно асфалтирање, со цел да се обезбеди трајно и квалитетно решение.
Повереник – Градоначалникот, Јакупоски ја нагласи важноста на инвестирањето во инфраструктурата за безбедноста на граѓаните и непречен проток на сообраќајот.
„Овие градежни активности се наш приоритет. Работиме интензивно за што поскоро да ги завршиме сите планирани проекти и да им овозможиме на нашите граѓани безбедни и модерни локални патишта,“ изјави Јакупоски.
Општинската администрација ќе продолжи да ја следи динамиката на работите до нивното целосно завршување.
Извор: Facebook страна на Општина Маврово и Ростуше









-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки