Маврово и ростуше
Средба меѓу Јакупоски и Алили: Разговор за актуелни општински прашања
Во просториите на Општина Маврово и Ростуше се одржа конструктивна средба помеѓу градоначалникот М-р Онер Јакупоски и Сафет Алили, претседател на хуманитарното здружение Letzcare од Луксембург.
На средбата се разговараше за можностите за понатамошна соработка и реализација на проекти од интерес за граѓаните на Општина Маврово и Ростуше, со посебен акцент на поддршката во областа на социјалната заштита и локалниот развој.
Градоначалникот изрази благодарност за досегашниот ангажман и хуманитарните активности на здружението, истакнувајќи дека ваквите партнерства претставуваат значаен придонес за подобрување на условите за живот на локалното население.
Општина Маврово и Ростуше останува отворена за соработка со сите поединци и организации кои преку својата работа придонесуваат за развојот и благосостојбата на нашата заедница.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки