Connect with us

Маврово и ростуше

Маврово и Ростуше ќе биде домаќин на Светското првенство во риболов на крап 2026 година

Денеска беше официјализирана соработката за еден од најголемите спортски настани што ќе се одржат во нашиот регион.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, Директорот на НП Маврово, Харис Ибраими, и Филип Серафимовиќ, Претседател на Македонската риболовна федерација (МРФ), потпишаа Меморандум за соработка за организација на Светското првенство во риболов на крап – Мавровско Езеро 2026.

Со овој меморандум се воспоставува цврсто стратешко партнерство помеѓу локалната самоуправа, Националниот парк и Федерацијата, со цел беспрекорна техничка и логистичка реализација на првенството.

Главниот фокус на оваа иницијатива е:

Промоција на Општина Маврово и Ростуше како елитна европска дестинација за спортски и еко-туризам.

Меѓународна афирмација на Општина Маврово и Ростуше, и нејзините природни богатства.

Поттикнување на локалниот економски развој преку привлекување на голем број натпреварувачи и посетители од целиот свет.

Организацијата на ваков настан од светски ранг е потврда за капацитетите на Мавровското Езеро и заедничката посветеност за развој на алтернативните форми на туризам кои се во хармонија со природата.

Градоначалникот Јакуповски изјави дека “Светското првенство е еден несекојдневен настан кој ние силно го поддржуваме затоа што носи големи бенефити за нашата општина.

Локалната економија и туризам ќе имаат големи придобивки.

Јас лично и службите на општината ќе бидеме постојано во функција на поддршка на овој настан.

Ги замолувам локалните капацитети да бидат подготвени, граѓаните да бидат трпеливи во денови на поголеми гужви и гостопримливи кон сите гости во нашиот крај.

Да се покажеме како добри домаќини и да го презентираме мавровскиот крај како еден од бисерите на Македонија.

Извор: Фејсбук страна на Општина Маврово и Ростуше

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 9 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending