Локален туризам
Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово
Украина е нов светски првак.


Со свечена церемонија и доделување на медалите на најдобрите, официјално заврши Светското првенство во риболов на крап, на кое Општина Маврово и Ростуше беше коорганизатор заедно со Македонската риболовна федерација.
На завршната церемонија присуствуваше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, кој им ги честиташе постигнатите резултати на најуспешните тимови меѓу повеќе од 30-те светски репрезентации кои ги одмерија своите сили на Мавровското Езеро.
Победничкиот пиедестал на ова престижно светско натпреварување го зазедоа:
1. Место (Златен медал): Репрезентацијата на Украина
2. Место (Сребрен медал): Репрезентацијата на Унгарија
3. Место (Бронзен медал): Репрезентацијата на Литванија
Градоначалникот Јакупоски изрази благодарност до сите учесници, организатори и гости кои придонесоа за беспрекорната организација на овој голем спортски настан.
„Упатувам искрени честитки до сите репрезентации кои зедоа учество на ова Светско првенство, а посебно до најдобрите, тимовите на Украина, Унгарија и Литванија за нивниот врвен спортски успех.


Беше огромна чест и задоволство да се биде домаќин на ваков грандиозен собир.
Се надевам дека од Маврово и нашата општина понесовте прекрасни спомени, новородени пријателства и моменти кои долго ќе ги помните.
Вратите на Маврово и Ростуше остануваат ширум отворени за сите вас!“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.
Општина Маврово и Ростуше уште еднаш ги потврди своите капацитети за организација на меѓународни настани од највисок ранг, промовирајќи го регионот како врвна дестинација за спортски и алтернативен туризам.