Македонија
Висок функционер на ДУИ е под истрага поради сомневање за подметнување пожари.
Врз основа на неофицијални информации, Министерството за внатрешни работи води истрага против локален функционер на ДУИ од скопската населба Шуто Оризари, поради сомневање дека е вмешан во серија намерно подметнати пожари низ главниот град. Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, претседател на локалниот партиски огранок со иницијали И.Л., при што биле пронајдени пиротехнички средства и запаливи материи.
За потребите на истрагата, одземен му е и мобилниот телефон за вештачење. Дополнително, се проверува можната поврзаност на функционерот со пожарот што избувна во отпад во Визбегово, бидејќи тој поседува земјиште во непосредна близина. Иако МВР сè уште не открива детали, највисоките владини претставници потврдија дека постојат докази за организирана акција. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе има приведени лица поврзани со „координирана и добро осмислена акција“, додека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласи дека постои основано сомнение дека пожарите се подметнати од човечки фактор.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки