Маврово и ростуше
Општина Маврово и Ростуше бара долгорочно решение за водоснабдувањето во Врбен и Беличица
Општина Маврово и Ростуше продолжува со активности насочени кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во руралните населени места.
Градоначалникот М-р Онер Јакупоски, заедно со директорот на ЈПКД Маврово, Ристе Попоски, извршија теренска посета на Врбен и Беличица, каде беше направена обиколка на постојните каптажи и беше разгледана актуелната состојба со водоснабдувањето.
Во разговорите со мештаните биле истакнати долгогодишните проблеми и предизвици поврзани со недостигот на вода, при што жителите побарале посериозни и долгорочни решенија за обезбедување стабилно и квалитетно водоснабдување.
Како една од можните мерки за надминување на проблемот, била разгледана можноста за изградба на нови резервоари за вода, кои би овозможиле подобро управување со водните ресурси и посигурно снабдување за жителите на овие села.
Од Општината посочуваат дека решавањето на инфраструктурните предизвици останува приоритет, со цел создавање подобри услови за живот и рамномерен развој на сите населени места во регионот.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки