Македонија
Дали институциите потфрлија, со оглед на тоа што убиената велешанка повеќепати го пријавувала сторителот?
рагедијата во Велес повторно го наметнува прашањето – колку се ефикасни институционалните мерки за спречување и заштита од семејно насилство? Само неколку дена пред крвавите убиства, судот одобри да се укинат дел од претходно преземените мерки против Илија Стефановски, иако имаше повеќе пријави за вознемирување, закани и напад врз неговата поранешна партнерка Росица. Останала активна само забраната за приближување.
Наспроти законските обврски, вознемирувањето продолжило и по укинувањето на дел од мерките – пријавени се нови напади, заканувачки пораки и палење на автомобил. Обвинителството собирало докази, во процесот биле вклучени и психијатриски вештачења, но предупредувањата останале без конкретна полициска заштита.
Според актуелните закони во Македонија, за жртвите се предвидени повеќе привремени мерки: забрана за приближување, забрана за контакт, одземање оружје, задолжително лекување, времено отстранување од домот, обврска за појавување во полиција, па и финансиски надоместок за медицински трошоци од државата (од 500 до 5000 евра). Сепак, граѓанските организации и извештаите укажуваат дека имплементацијата често доцни, координацијата меѓу институциите е слаба, а превенцијата и заштитата не се доволни за реална заштита на жртвите.
По трагичниот развој, јавноста бара построги и побрзи реакции, подобра соработка меѓу институциите и завршување на правната рамка за интегрирана заштита и поддршка. Случајот од Велес е уште една потврда дека недоволната ефикасност може да има фатални последици.